Friday, March 9, 2012

Витилиго, депигментација


Витилигото или леукодерма претставува хронично заболување на кожата кое се јавува како резултат на губење на пигментот, а се манифестира со неправилни бледи кругови на кожата. Паралелно со појавувањето на белите кругови на кожата, слични промени се јавуваат мукозната мембрана и на ретината. Настанува кога меланоцитите, клетките одговорни за пигментација на кожата, умираат или неправилно работат. Точната причина за појавување на витилигото е многу комплексна и сеуште не е потполно разјаснета. Податоците наведуваат дека причината може да биде комбинација на автоимуни, генетски и фактори на окружување.
Постојат цврсти докази дека луѓето кои боледуваат од витилиго наследуваат група на три гени кои ги прават подложни на депигментација.
Најшироко прифатено гледиште е дека Витилигото е автоимуно заболување, односно заболување при кое имуниот систем на човекот реагира против сопствените клетки и ткива. Како резултат на тоа во телото на болниот се произведуваат супстанции наречени цитокини кои делуваат на клетките кои го произведуваат пигментот и предизвикуваат смрт на истите. Другата теорија е дека меланоцитите се уништуваат самите себе.
И на крајот факторите на окружувањето, како на пример дека изгоретините од сонцето или пак емотивниот стрес биле тригер да се јави витилигото.
Процентуалната зафатеност на светската популација со ова заболување е околу 1 процент. Половина од заболените од витилиго започнуваат да боледуваат пред 20-тата година, а поголемиот број покажуваат знаци на болеста пред 40-тата. Заболувањето подеднакво е застапено кај двата пола, и кај сите раси.
Поголема е поврзаноста на појавување на витилигото кај луѓе со одредени автоимуни заболувања. Како на пр. Хипертиреоидизам, алопеција ареата и пернициозна анемија.
Според хомеопатијата витилигото не е само кожно заболување. Тоа всушност претставува надворешна манифестација на внатрешнатаа неурамнотеженост на телото. Како резултат на тоа хомеопатската терапија има за цел да делува на внатрешниот проблем бидејќи само на тој начин ќе се постигне потполно повлекување на болеста.


Др. Биљана Ѓуроска